Ферстапен со моќна победа ја заврши сезоната во Формула 1

Шампионот, Макс Ферстапен на трката која се возеше на патеката „Јас марина“ во Абу Даби само ја потврди доминацијата која ја имаше во текот на целата сезона, Холанѓанецот запиша победа за крај.

Тоа беше последната трка од сезоната во формула 1 шампионатот, Макс Ферстапен не дозволи ривалите ниту да се понадеваат дека можат да застанат на највисокото место на пиедесталот.

Ферстапен стартуваше од пол-позицијата, а откако го одби првичниот напад на Шарл Леклер кој тргна до него, стигна до убедлив триумф со 18 секунди предност пред второпласираниот.

На второто место заврши возачот на Ферари, Шарл Леклер, а место на подиумот имаше и за Џорџ Расел од Мерцедс.

Бодови од оваа трка освоија уште: Серхио Перез, Ландо Норис, Оскар Пјастри, Фернандо Алонсо, Јуки Цунода, Луис Хамилтон и Ленс Строл.