Ферстапен славеше во стилот на Елвис Присли – Вива Лас Вегас (ВИДЕО)

Победата во трката за Големата награда на Лас Вегас за Макс Ферстапен беше 18. сезонава и вкупно 53. во кариерата, со што се израмни со Себастијан Фетел, а што му донесе голема радост по завршувањето на овој спектакл.

Возачот на Ред Бул во 36. целосно се врати на трката, ги нападна Серхио Перез и Шарл Леклер, го зазеде првото место кое успеа авторитетно да го зачува до крајот на трката. На крајот од последниот круг, Холанѓанецот знаеше како да ја прослави својата победа.

„Вива Лас Вегас“, ја пееше Ферстапен во својот автомобил познатата песна на Елвис Присли посветена на американскиот „град на гревовите“.