Ферстапен си поигрува со Ред Бул: Прво да ги разгледам можностите, па потоа ќе потпишам нов договор!

Холандскиот пилот во Формула 1, Макс Ферстапен, изјави дека не брза да го обнови договорот со Ред Бул затоа што сака да почека и да ги разјасни перспективите на тимот.

Холанѓанецот потпиша до крајот на 2020 година, но сака да се осигура дека може да учествува во борбата за титулата – нешто што не се случило во неговата петгодишна кариера.

Не сум загрижен особено. Сакам прво да разгледам сè што ми е ветено и што е важно. Сакаме следната година да забележуваме победи и да јаосвоиме титулата. Затоа јас сум тука, а Ред Бул има за цел да го постигне тоа. Но, има многу прашања за после 2020 година, на пример, што се случува со Формула 1 воопшто? Затоа сакам да размислам за тоа, изјави Холанѓанецот.

Ферстапен учествуваше на состанокот помеѓу раководството на тимот и газдите на Хонда за да дознае повеќе за идните планови. Масаши Јамамото го сумираше вака: „Макс сака да ги освои сите трки. Тој може да зборува за шасијата со Ред Бул, а моторот со нас – тоа беше целта на состанокот. Досега, Хонда го исполнува своето ветување“.

И покрај двете победи што Ферстапен ги постигна, Хонда сè уште не може да потврди дали ќе остане во Ф1 и по 2020 година.