Ферстапен побрз од Хамилтон и Леклер на трката во Мексико

Возачот на Ред Бул и трикратен светски шампион, Макс Ферстапен без проблеми повторно беше најбрз на трката за Голема награда на Мексико, откако зад себе ги остави Луис Хамилтон од Мерцедес и Шарл Леклер од Ферари, а вреди да се спомене дека одлична трка имаше и Ландо Норис од Мекларен.

Ферстапен го презема водството на трката уште во првиот круг, во кој имаше судир меѓу Леклер и Серхио Перез кој мораше да се повлече поради сериозна штета на неговиот болид.

Трката беше прекината по излетувањето на Магнусен, кој загуби контрола врз возилото и удри во заштитниот ѕид, а тоа му помогна на Хамилтон по рестартот да го премине Леклер и да заврши втор.

Неверојатна трка имаше Норис кој тргна од 17. позиција на патеката, но на крајот заврши на петтата позиција.