Ферстапен најбрз во Канада, ново разочарување за Ферари

Актуелниот светски шампион Макс Ферстапен славеше на трката за Големата награда на Канада, а зад него завршија Ландо Норис од Мекларен и Џорџ Расел од Мерцедес.

За време на трката се случија голем број пресврти, односно неколку возачи се менуваа на лидерската позиција, меѓутоа на крајот Ферстапен ја искористи ситуацијата и го освои првото место.

Големо разочарување на трката имаше Ферари бидејќи и двајцата возачи, Шарл Леклер и Карлос Саинц не ја завршија трката.