Ферстапен најави „бомба“ во Ф1: Со Леклер ќе бидеме добри тимски колеги, што повеќе сакате?!

Пилотот на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Ферстапен, не ја отфрли можноста еден ден да биде тимски колега со Шарл Леклер во трофејниот Ферари.

Според холандскиот пилот тој и Леклер може да имаат одредено ривластво, но тие нема да водат војна, каква што имаше меѓу Луис Хамилтон и Нико Розберг во тимот на Мерцедес.

Сè уште не е познато дали Макс ќе го продолжи договорот со Ред Бул и по 2020 година, а одлуката на младиотХоланѓанец ќе биде донесена на крајот од сезоната. Сепак, ваквите изјави само ги интензивираат гласините за евентуално преминување на Ферстапен во Ферари, на местото на неубедливиот Себастијан Фетел, кој викендов во Италија имаше уште една разочарувачка трка.

Ферари е легендарен тим во Италија. Кога Италијанците зборуваат за нивниот омилен тим, тоа е како да се спомене самиот Господ. Беше неверојатно да се види како тифозите се радуваат на победата на нивниот омилен тим. Сакам да го возам најбрзиот автомобил и да се борам за титулата. Ако тој е со црвена боја, тогаш е можно во иднина да се натпреварувам со него, истакан Ферстапен.

На прашањето за идна соработка со Леклер, тој смета дека ќе бидат добри тимски колеги.

Ние сме млади и брзи, што повеќе можете да посакате? Сигурно ќе има ривалство, но не верувам во ситуации како онаа меѓу Луис Хамилтон и Нико Розберг во Мерцедес пред години, заврши Холанѓанецот.