„Ферстапен и Леклер ќе му бидат главна закана на Хамилтон сезонава“

Поранешниот шампион во Формула 1, Ален Прост, смета дека младите пилоти Макс Ферстапен (Ред Бул) и Шерл Леклер (Ферари) ќе бидат главни конкуренти на актуелниот шампион Луис Хамилтон (Мерцедес) кога е бо прашање борбата за титулата во новата сезона.

Но, исто така четирикратниот шампион истакна дека Хамилтон во овие моменти е прој 1 кандидат за титулата, пред се поради неговото искуство, како и заради моќниот болид кој го поседува.

Во моментов најдобар е Хамилтон. Тој има огромно искуство и силен тим. Но, Макс Верстапен и Чарлс Леклар имаат одлични изгледи. Тие ќе бидат најопасните ривали на Луис. Верстапен треба да биде малку помирен. Во одреден момент, му недостасува самоконтрола. Ако се справи со ова и добие добар автомобил, тешко ќе биде победен, изјави Прост.