Ферари официјално потврди: Карлос Сајнц го менува Фетел од идната година!

Италијанскиот гигант Скудерија Ферари денеска и официјално ги потврди најавите дека Карлос Санјц ќе биде замената за Себастијан Фетел во болидот во Формула 1 од идната сезона, откако ќе си замине Германецот по завршување на договорот за оваа година.

Сајнц доаѓа и ќе биде клупски другар со Карлес Леклерк, кој ќе ја има улогата на прв возач во тимот, а договорот на Сајнц со „црвениот барон“ е до 2022 година.

„Пресреќен сум што ќе возам за Ферари од 2021 година. Пресреќен сум што ќе бидам дек од тимот, но за тоа потоа, прво да завршам тоа што го започнав во Мекларен и да покажам дека заслужено добивам место во еден гигант како Ферари“, вели Сајнц.

Шпанецот е роден во Мардид во 1994 година, а досега има 102 гранприја во Ф1 за пет сезони. Лани заврши шести во генералниот пласман како возач на Мекларен, што е негов најдобар резултат, а трето место и пласман на подиумот во Бразил е негово најдобро извозено грнапри во „октанскиот циркус“.