Ферари му нуди нов договор на Фетел, но далеку помала плата!

Еден од најтрофејните тимови во Формула 1, екипата на Ферари е подготвена да ја продолжи соработката со Германецот Себастијан Фетел за уште една година, меѓутоа за далеку помала плата од сегашната која изнесува 40 милиони евра.

Според „Скај Спорт Италија, по одложување на трката за Големата награда на Австралија, тимот од Маранело му предложил нов договор на четирикратниот светски шампион на уште една година, со послаби финансиски услови од оние при актуелната соработка.

Ферари, пак, потпиша нов договор со Шарл Леклер со 2024 година, откако пилотот од Монако возеше неспоредливо подобро од германскиот колега во минатата сезона.

Доколку Фетел го одбие понуденото, тогаш Ферари ќе се обиде да го ангажира Даниел Рикардо од екипата на Рено, а како резервни опции се споменуваат Карлос Сајнц од Мекларен и Антонио Џовинаци од Алфа Ромео.