Ф1 ќе добие уште еден тим?

Претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулајем на социјалните мрежи објави дека од колегите побарал да се разгледа можноста за отворање на уште едно место во Формула 1.

Има многу заинтересирани страни кои би можеле да влезат во „најбрзиот циркус“, а еден од нив е „Пантера Тим Азија“.

Од друга страна, постои интерес и од поранешниот возач Мајкл Андрети кој се надева дека ќе формира тим со американскиот гигант „Џенерал Моторс“.