Ф1 ги одложи новите правила за 2022 година

Сите 10 тимови едногласно го прифатија предлогот за одложување на новите правила во Формула 1 за една година. 

Новите правила, меѓу кои најрадикален беше новиот дизајн на болидите“, ќе бидат имплементирани за сезоната 2022 година, наместо за 2021 година како што беше претходно предвидено. Развојот на новиот дизајн исто така е стопиран до крајот на 2020 година. 

Интернационалната автомобилистичка федерација (ФИА) мораше да донесе ваква одлука поради пандемијата од коронавирусот, што го одложи стартот на сезоната во Ф1. Сите тимови исто така се согласија на промени во календарот на натпревари, но засега не е јасно дали ќе се возат сите трки или некои ќе одпаднат од конкуренција.

Прозводителите на мотори ќе мораат да престанат со работа на дополнителни три недели. Возачите сезонава ќе можат да користат помалку мотори, доколку бројот на трки биде намален.