Ф1 добива уште еден тим: Кадилак ќе вози од 2026 година!

Формула 1 соопшти дека од 2026 година ќе се натпреварува и Кадилак, откако компанијата постигнала договор со Меѓународниот автомобилистички сојуз (ФИА) уште минатата есен, а сега конечно пристигна и официјална потврда.

Извршниот директор на Ф1, Стефано Доменикали кажа дека Кадилак ги исполнил сите услови за да стане 11. тим во „најбрзиот циркус“.

„Како кажа најавивме во ноември, благодарение на напорна работа доаѓа Кадилак во Ф1 од 2026 година. Со нетрпение го очекуваме почетокот на следната сезона“, кажа Доменикали.