Џакон го истурка Иџе од патеката и го остави без подиум

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе имаше добра трка, но на патот кон успехот го запре Џонатан Џакон, кој го истурка нашиот возач од патеката во момент кога тој беше второпласиран.

Иџе, и покрај проблемите, успеа да го освои 10. место на трката во Имола и така да добие нови бодови. Победник на денешната трка беше Микел Аскона, кој триумфираше и на првата трка во Имола.

Македонскиот автомобилист на вчерашната трка во рамките на ТЦР Италија-шампионатот ја освои шестата позиција.