Хамилтон победи по неколку судири со Ферстапен, а Шумахер се заби во ѕид (ВИДЕО)
Холанѓанецот денеска заврши како втор, во дуел кој ќе се памети по неколку меѓусебни контакти, па и судири помеѓу двајцата најдобри, нешто што не се памети уште од ривалоството помеѓу Сена и Прост. Двајцата возачи очајнички ја посакуваа победата, а на крајот пресуди подобриот избор на гуми на Британецот, кој на крајот „преживеа“ директен судир со задниот дел на Ферстапен. Инцидентите меѓу нив двајцата донесе големи главоболки кај судиите, кои под лупа ставија неколку нивни контакти, за на крајот да го казна возачот на Ред Бул со казна од пет секунди, набрзо по што тој беше престигнат од ривалот од Мекларен. Тие сега имаат по 369,5 бодови, што значи дека новиот шампион ќе биде решен по седум дена во Обединетите Арапски Емирати.
Трката на двапати беше прекинувана, прво во 14. круг по забивањето во ѕид на Мик Шумахер, синот на легендарниот Михаел Шумахер, кој веднаш преку радио јави дека не е повреден, а потоа и два круга подоцна по судирите на Перес и Леклер односно Расел и Мазепин.