„Докторот“ Роси ќе вози уште две години во Мото ГП!?

Светските медиуми објавија дека легендарниот возач во Мото ГП, Валентино Роси ќе вози уште две сезони во шампионатот.

Роси потпишал двегодишен договор со екипата на Петронас Јамаха во која доаѓа, откако ќе ја заврши сезоната.

Оваа информација засега не е официјално потврдена од Роси или неговиот тим, но се очекува такво нешто да се случи пред самиот старт на шампионатот, кој е закажан за 19 јули во Шпанија.