Дебакл пред Ф1 трката во Лас Вегас поради шахта направена во – македонски стил (ВИДЕО)

Првиот тренинг пред Формула 1-трката за Големата награда на Лас Вегас беше откажан бидејќи болидите на Карлос Саинз (Ферари) и Естебан Окон (Алпин) беа значително оштетени, откако поминале преку скршен капак на шахтата на патеката.

ренингот траеше само осум минути, по што беше подигнато црвеното знаме со цел да се избегне поголема трагедија. На управата на трката ѝ беа потребни 11 минути да одлучи за откажувањето, објави Скај.

„По прегледот на патеката, откривме дека бетонската рамка околу капакот на шахтата откажа. Сега треба да ги провериме сите други капаци на шахтите, што ќе потрае некое време. Ќе разговараме со локалниот инженерски тим за времето што ќе биде потребно да го решиме ова и ќе советуваме како да биде новиот распоред“, се вели во соопштението од Формула 1.

Втората тренинг сесија требаше да започне во 9 часот по средноевропско време. Формула 1 се враќа во Лас Вегас за првпат по 1982 година. Трката е закажана за в недела со почеток во 7 часот по средноевропско време.