Ботас ќе стартува од последната позиција во Абу Даби

Пилотот на Мерцедес Валтери Ботас ќе стартува од последната позиција на трката за Големата награда на Абу Даби.

На неговиот болид му беше заменет моторот, па според пропозициите на ФИА тој ќе тргне од опашката на гридот.

Ботас на една трка пред крајот на првенството се наоѓа на второто место во генералниот пласман, но од оваа позиција не може ниту да напредува, ниту да падне.

Тренинзите во Обединетите Арапски Емирати почнуваат од утре, а главната трка ќе се вози в недела со почеток во 14:10 часот.