Ботас до крајот на сезоната ќе го пушта Хамилтон
Хамилтон победи минатата недела на трката за Големата награда на Русија, а на половина трка од боксот на Мерцедес му наредија на Ботас да го пушти Хамилтон пред себеси.
Хамилтон е лидер на табелата со 50 поени повеќе во однос на неговиот конкурент за титулата Себастијан Фетел од Ферари.
Инаку, Хамилтон по трката во Сочи кажа дека чувствата му се измешани, па му се заблагодари на Ботас за џентлменскиот потег и кажа дека Финецот ја заслужил победата.
„Повторно би го направил истото, но тоа не значи дека не сакам да се тркам, туку повеќе не можам да се борам за титулата, а мораме да бидеме тим“, кажа Ботас.