Бившиот прв човек на Ф1 тврди: Хамилтон нема да вози во Ф1!

Поранешниот претседател на Формула 1, Берни Еклстон верува дека британскиот возач Луис Хамилтон нема повеќе да вози по контроверзната завршница на сезоната во која Макс Ферстапен ја освои шампионската титула.

Седумкратниот светски шампион не се појавуваше во јавност по загубената титула во Ф1, а Еклстон верува дека Хамилтон ќе се пензионира и нема повеќе да вози.

„Не сум разговарал со Луис, но зборував со татко му пред неколку дена. Веднаш почуствував дека нешто не е како што треба. Не знам што се случува со Луис, но мислам дека нема да се врати. Доживеа големо разочарување и тоа го разбирам“, вели Еклстон.