Бецеки од пол-позиција ќе тргне на трката во Португалија (ФОТО)

Возачот на Априлија, Марко Бецеки обезбеди пол-позиција за спринтот и главната трка за Големата награда на Португалија.

Втората позиција е резервирана за Педро Акоста, додека Фабио Квартараро ќе тргне од третото место на трката во Портимао.

Најбрзиот круг на Бецеки беше со време од 1.37,55, по што Акоста имаше задоцнување од 0,150, а Квартараро од 0,304 секунди.

Спрингот се вози денеска од 15 часот, додека главната трка е резервирана од 13 часот.

Фото: EPA