Австралиецот Милер убедливо најбрз на трката на ГН на Јапонија!

Австралискиот мотоциклист Џек Милер победи на трката за Големата награда на Јапонија, која утринава се возеше на патеката „Мотеги“.

Возачот на „Дикати“ доминираше на асфалтот и без никакви проблеми прв ја мина стартно-целната рамнина. Зад него завршија Хорхе Мартин од Прамак рејсинг и Бред Биндер на КТМ, додека како четврти заврши Марк Маркез, иако трката ја почна од пол-позицијата.

Лидерот во генералниот пласман, Фабио Квартараро, го освои осмото место, а неговиот најголем ривал за титулата, Пеко Бањаја, падна буквално во последниот круг од трката.