Алонсо повторно ќе вози во Ф1

Голем број светски медиуми објавија дека поранешниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо повторно ќе вози во „најбрзиот циркус“ во светот.

Алонсо ќе го замени Даниел Рикарди во екипата на Рено за следната сезона, а официјална потврда на оваа информација се очекува во среда.

Тоа ќе биде трет ангажман за 38-годишниот Алонсо во екипата на Рено, со кој освои две светски титули во 2005 и 2006 година.

Алонсо во сезоната 2021 ќе вози во Рено заедно со Естебан Окон, додека Рикардо ќе го вози болидот на Мекларен.