Албон и Норис го открија својот идол, тој не е од Формула 1

Младите Формула 1 возачи, Ландо Норис и Александер Албон, открија кои им е идолот од детството.

Не е тајна дека пилотите во елитното автомобилистичко натпреварување и Мото ГП се премногу популарни ширум пламнетата и дека голем број на млади луѓе се угледуваат во нив.

Мото ГП трките ги гледав на телевизија пред да ја засакам Формула 1. Но, причината поради која се заљубив во тркачкиот спорт е Валентино Роси. Тој секогаш имал карактер на врвен возач, што не се случај со останатите. Тој и понатаму е меѓу најдобрите, изјави Ландо Норис.

Слична констатација даде и Александер Албон, кој фотографии од својот идол своевремено ги лепел на картингот.

Ако ги видите моите фотографии кога имав осум години, секаде беше залепен Роси. На картингот го имав бројот 46 поради него, додаде Албон.