Звезда е миленик на ВАР - втор гол сезонава, втор на сличен начин (ВИДЕО)

Српскиот првак Црвена Звезда има водство од 1-0 на полувреме од дуелот против Јанг Бојс, благодарение на голот на сенегалскиот фудбалер Шериф Ндиаје.

Погодокот е постигнат во 35. минута, а е признат дури по неколкуминутно прегледување на снимката во ВАР собата. Во сомнителна позиција се наоѓаше Букари, помошниот судија рекламираше офсајд, но подоцна беше утврдено дека фудбалерот на Звезда на бил зад противничката одбрана. Тој подоцна му асистираше на Ндиаје за предност на белградскиот тим.

 

 

Интересно е тоа што ова беше втор гол за Црвена Звезда сезонава во Лигата на шампионите и вторпат голот мораше да се потврди со прегледување на снимката во ВАР.