Жради пред Ренова: Хајдук не смее да си дозволи нов срам како лани со малтешка Гизра!

Басел Жради, либанскиот интернационалец на сплитски Хајдук најави дека хрватскиот великан не смее да си дозволи нов срам како лани со малтешка Гизра, во пресрет на утрешниот меч од 15.30 часот со тетовска Ренова во второто коло од квалификациите за Лига Европа во Скопје.

„Гипсарите“ ќе го дочекаат Хајдук од 15.30 часот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во комплексот куќа на фудбалот во Скопје, а Жради посочи дека тоа што сигурно го зна е дека Хајдук го чека – ептен тежок меч. Не знае многу за Ренова, но знае дека топлото време и тврдиот противник се доволно предупредување за да не им се случи – Гизра.

„Не смееме да го повториме ланскиот срам. Тоа би било нова катастрофа. Ја респектираме Ренова, ама сакаме да победиме. Не знам ништо за нашиот противник, ама тоа што знам е дека не чека тежок меч и знам дека нема да биде нималку едноставно. И тоа што секако знам, во овој момент не смееме ни да помислиме на тоа со кого би сакале да играме, дали со Нефчи или со Галатасарај“, вели Жради.

Тој потенцира дека поучени од ланскиот срам сега за секој противник, без оглед на името или рејтингот, мора да приспатап максимално за да стигнат до посакуваното.

„Мора да сме спремни, секој европски меч сам по себе е тежок и бара максимално ниво на концентрација и игра, без оглед против кого играме. Мора да сме спремни дека ќе играме во услови кои се тешки, поради терминот (15.30 часот) и мора да сме спремни на евентуалната горештина. Мора да сме цврсти, прецизни, конкретни и да чекаме шанса за да дадеме гол“, додава тој/