ЖФК Скопје брзо заврши со ЛШ, пораз од Атлон!

Фудбалерките на ЖФК Скопје се елиминирани уште во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите откако го загубија мечот со Атлон од Ирска.

Натпреварот се играше во Полска, а ирскиот шампион убедливо го доби со 4-0 и го елиминираше Скопје од натпреварувањето.

Ирските фудбалерки со 2-0 водеа во првото полувреме, а во вториот дел само ја дуплираа предноста за конечни 4-0.