Вториот најдобар стрелец во Премиерлигата ќе игра во одбрана!?

Англиската фудбалска репрезентација има проблеми со позицијата лев бек, а привремениот селектор Ли Карсли има необично решение кое нема да им се допадне на многумина.

Новинарите го прашаа Карсли какви му се плановите за следниот период и кого ќе го користи како лев бек, а тој ги посочи Букајо Сака и Кол Палмер како можни кандидати за таа позиција.

Палмер минатата сезона беше втор најдобар стрелец во Премиерлигата со 22 голови, а во моментов се наоѓа на истото место со шест погодоци на шест настапи, а притоа има и четири асистенции.

Со оглед на тоа дека Палмер е одличен во напад, се поставува прашањето зошто Карсли би сакал да го искористи Англичанецот во одбрана, а таму не постави некој од останатите репрезентативци.