„Волците“ го изедоа Еспањол, голеада на „Ајброкс“ (ВИДЕО)

Откако се одиграа првите натпревари од 1/16 финалето во Лигата на Европа, неколку екипи забележаа комотна предност пред реваншот кој е закажан за седум дена и речиси уште од сега обезбедија билет за осминафинале.

Екипата на Вулверхемптон со убедливи 4-0 славеше на домашен терен во дуелот против Еспањол, а стрелци на погодоците беа Жота (три) и Невеш.

Убедлива победа запиша и Базел, кој целосно го демолираше АПОЕЛ среде Кипар со 0-3 и практично на реваншот ќе излезе само за да го потврди пласманот во следната рунда.

Можеби најинтересно беше на „Ајброкс“ стадионот во Глазгов, каде што беа постигнати дури пет погодоци. Иако, на два пати Брага водеше, но Ренџерс успеа да дојде до посакуваниот триумф со гол во 82. минута.

Минимална победа извојува и Рома, која на домашен терен беше подобра од белгиски Гент со 1-0, а стрелец на единствениот погодок беше Перез во 13. минута.

Со минимална победа во Лондон се враќа и Арсенал, кој на гости во Атина беше подобар од Олимпијакос со 0-1, додека Волфсбург пред своите гледачи славеше над Малмо со 2-1, исто како и Леверкузен над Порто (2-1).

 

Единственото реми вечерва се одигра во Холандија, каде што АЗ Алкмар одигра само 1-1 против ЛАСК.