Во Ливерпул може да здивнат: Салах го прекина рамазанскиот пост

Иако беше најавувано дека Мохамед Салах ќе го почитува рамазанскиот пост и на денот на финалето на Лигата на шампиони (ЛШ), лекарот на Ливерпул вели дека тоа не е вистина и дека Египќанецот го прекинал постот.

Салах претходно најави дека сите 30 дена ќе го почитува постот, иако во тој период се играат финалето во ЛШ, како и Светското првенство во Русија. Сепак, такво нешто нема да се случи.

„Колку што знам Салах постеше во претходните денови, а во петок и на денот на натпреварот ќе конзумира храна и пијалоци нормално. Постот нема да има влијание на него, а Салах по финалето ќе го продолжи рамазанскиот пост“, вели Рубен Понс од лекарскиот тим на „црвените“/