Вирален хит: Гримасата на навивач на Јуве за мајсторијата на Роналдо (ФОТО)

Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо синоќа имаше магична ноќ во Торино. Со два гола го одведе Реал Мадрид во полуфиналето, повторно запиша рекорди, но сите ги воодушеви со мајсторијата со ножички која долго ќе се прераскажува,

Роналдо заслужено ги доби сите аплаузи. Ниту навивачите на Јувентус не можеа да останат рамнодушни на мајсторијата со која тотално ја клекна на колена „старата дама“. Дефинитивно голот со ножички е еден од најубавите во историјата на Лигата на шампионите.

И нормално за голот на Роналдо на социјалните мрежи излегоа еден тон фотографии и видеа, снимени од секој агол, ама вирален хит стана фотографија на еден навивач зад голот на Буфон. Неговата гримаса уште пред Роналдо да даде гол и мајсторски со ножички да ја смести во мрежата. Едноставно, како да знаел дека – ќе погоди!