Винисиус го однесе Реал на чекор до полуфинале, Фоден „спаси“ победа за Сити (ВИДЕО)

Реал Мадрид и Манчестер сити со предност, но и примен гол на домашен терен ќе ги дочекаар реванш дуелите во четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако вечерва „кралскиот клуб“ со два гола на младиот Винисиус Жуниор го победи Ливерпул со 3-1, а Манчестер сити во 90-та минута со гол на Фил Фоден стигна до триумф со 2-1 против Борусија Дортмунд.

Најтрофејниот европски клуб направи прв чекор кон полуфиналето, откако Винисиус даде два од трите гола (26, 65), а Марко Асенсио (34.) ја казни неверојатната грешка на Трент Александер-Арнолд, за „кралевите“ да обезбедат солидна залиха пред реваншот идната среда.

Мохамед Салах во 51-та минута даде гол кој може да биде спасоносен во двомечот за „црвените“, иако со многу слабата одбрана, прашање е дали Ливерпул ќе може да одигра така врвен меч и да возврати за осум дека со триумф со 2-0.

Манчестер сити се измачи за да ја победи Борусија Дортмунд, а Фил Фоден ја „спаси“ победата во 90-та минута, откако пет минути претходно Марко Ројс израмни на мечот. Сити не стигна до триумф кој им гарантира полуфинале, но триумфот сепак им дава предност, ставајќи ги „милионерите“ во позиција да бркаат резултат.

Кевин Де Брајне во 19-та минута го отвори мечот на „Итихад“, но германскиот бундеслигаш се покажа како тврд орев, иако многумина очкеуваа дека машинеријата на Пеп Гвардиола веќе вечерва ќе го завери пласманот меѓу најдобрите четири во мултимилионското друштво.