
Велс го победи Казахстан пред гостувањето во Скопје (ВИДЕО)
Иако конечниот резултат навестува убедлива победа за Велс, во суштина тоа не беше случај бидејќи Казахстанците беа во игра барем за бод до почетокот на судиското продолжение. Даниел Џејмс го отвори резултатот во деветтата минута за Тагиберген по половина час игра да израмни на 1-1, исход со кој се замина на голем одмор.
Велшаните имаа среќа што по само две минути игра во второто полувреме Дејвис по вторпат ја донесе репрезентацијата во водство, па можеше да се игра порелаксирано. Конечниот резултат го постави Матондо во првата минута од судиското продолжение.
Веќе во вторник, Велс доаѓа во Скопје на мегдан со Македонија во дуелот кој може да одлучува за второто место на табелата ако теоретски се земе дека Белгија е фаворит за првата позиција.