Вегхорст со голот против Полска испиша историја за Холандија

Холандија вчера ја победи Полск со 1:2, а одлучувачки за Холанѓаните беше голот на напаѓачот Вегхорст во 83. минута.

Со овој гол Вут Вегхорст освен што го покажа својот голгетерски инстикт и донесе победа за својата репрезентација, го запиша и своето име во историјата на репрезентацијата.

Имено, Вегхорст мрежата на Полска ја погоди по само две минути и 24 секунди откако влезе во игра и така стана резервен играч со најбрз гол досега во дресот на „лалињата.

Голот Вегхорст го постигна со својот прв допир со топката, а до завршувањето на средбата уште само пет пати ја допре топката.