„Варга не е во животна опасност, но за него Европското првенство заврши“
Ган притоа со лакт го удри Варга во главата, а Унгарецот остана да лежи неподвижен. Откако му беше укажана лекарска помош, тој беше на носилки изнесен од теренот, но целата ситуација потсети на сцените од претходното Европско првенство кога во слична ситуација беше Кристијан Ериксен. Селекторот Марко Роси изнесе детали за неговата состојба и ги смири навивачите кои ги имаше во голем број на трибините.
„Варга не е во животна опасност, стабилен е и ќе биде опериран. Очигледно, ако ние продолжиме на Европското првенство, тој нема да биде дел од тимот“, изјави Роси.
Унгарија ќе ја чека својата судбина до среда кога завршува групната фаза од Европското првенство. Има шанса да помине во осминафиналето како една од најдобрите четири третопласирани репрезентации бидејќи освои три бода, но за тоа ќе треба да се погодат другите резултати.