Ван-Бисака доби црвен картон поради крвнички старт (ВИДЕО)

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Арон Ван-Бисака направи голема глупост во мечот против Јан Бојс, откако загуби една топка, а потоа со крвнички старт го повреди противничкиот играч и доби директен црвен картон.

Англискиот гигант ќе мора со играч помалку да го брани водството, кое во 14. минута им го донесе Кристијано Роналдо.