Ужасна статистика: Одбраната на Манчестер јунајтед е како „швајцарско сирење“

Англискиот гигант Манчестер јунајтед уште еднаш ги разочара своите навивачи, откако одигра 3-3 на гостувањето кај Порто, но притоа постави и неславен рекорд.

„Црвените ѓаволи“ по 31 пат од почетокот на минатата сезона одиграа меч на кој примиле два или повеќе голови, односно такво нешто не му се случило на ниту еден друг премиерлигаш во историјата.

Дополителен податок кој не му оди во прилог на тренерот Ерик Тен Хаг е тоа што од 2022 година, односно преземањето на тимот, ниту еден друг премиерлигаш не примил три или повеќе голови од Манчестер јунајтед (24 пати) во сите натпреварувања.