Урнебес на дуелот помеѓу Вилјареал и Динамо: Го имаме новиот Балотели (ФОТО)

Динамо Загреб синоќа загуби со 2-0 на гостувањето кај Вилјареал и со вкупно 3-0 испадна од четвртфиналето во Лигата на Европа. Во 62-та минута беше забележан и најсмешниот момент од натпреварот. 

Петар Стојановиќ се подготвуваше да влезе во игра крај аут-линијата, а камерите уловија урнебесен момент. Фудбалерот на Динамо го имаше облечено дресот наопаку со тоа што неговото презиме стоеше напред. Тој го замени македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Овој потег веднаш потсетува на Марио Балотели и неговиот проблем да го облече маркерот, кога беше дел од Манчестер сити.