
УЕФА објави промена на правило во Лигата на шампионите!
Пред почетокот на групната фаза клубовите мораа да пријават по 25 играчи. А кај оние со големи ростери испаднаа некои познати фудбалери.
Пример тренерот на Тотнем, Томас Франк нема да смета за ЛШ на засилувањето од 30 милиони фунти, Матис Тел кој призна дека одлуката го повредила.
Габриел Жесус не е во составот на Артета, Мареска го изостави Факундо Бонаноте, а Слот нема да смета на Федерико Киеза.
Според старите правила, овие играчи можеа да се надеваат дека ќе влезат во тимот по крајот на групната фаза, односно пред почетокот на нокаут натпреварите кога клубовите повторно треба да достават списоци.
УЕФА објави дека од оваа сезона на клубовите им е дозволено да регистрираат „привремена“ замена, односно некои од играчите кои не се најдоа на списокот, може да влезе во составот доколку друг играч заработи долгорочна повреда или болест. Нешто што често се случува. Ова ново правило важи до крајот на групната фаза.
Тоа значи дека оние кои беа изоставени, имаат нова надеж дека сепак ќе може да заиграат во Лигата на шампионите.