ФИФА донесе конечна одлука: Лапорт се враќа дома! (ФОТО)

Шпанскиот фудбалер Ајмерик Лапорт повторно ќе го носи дресот на Атлетик Билбао, откако Светската фудбалска федерација (ФИФА) донесе одлука да го регистрира трансферот.

Дефанзивецот требаше да се пресели во Атлетик Билбао, но во последен момент се искомплицира ситуацијата со документите поради Ал-Наср, меѓутоа по жалбата на фудбалерот реагираше ФИФА.

Лапорт повторно ќе игра за шпанската екипа, чиј дрес претходно го носеше од 2012 до 2018 година.

Фото: Facebook/AlNassr Saudi