
На Лапорт му пропадна договорен трансфер во „пет за 12“ поради необична грешка!?
Шпанските медиуми пишуваат дека проблемот бил во меѓународниот сертификат (ITC/CTI) и внесувањето во составот на ФИФА, кој Ал-Наср не го испратил на време, поради што Атлетик Билбао не може да го потврди трансферот на 31-годишниот фудбалер.
Лапорт претходно договори тригодишен договор со екипата од Баскија, а Атлетик ги испрати документите до Ла Лига навреме, меѓутоа поради проблемите од Саудиска Арабија поради сертификатот, регистрацијата не биле комплетирана, па сега Светската фудбалска федерација (ФИФА) треба да го разгледа случајот и да донесе конечна одлука.
Фото: Facebook/AlNassr Saudi