УЕФА го казни Реал Мадрид поради расизам! (ФОТО)

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) му изрече парична казна од 15.000 евра на Реал Мадрид поради расистичките пораки од навивачите за време на мечот против Арсенал во Лигата на шампиони (ЛШ).

„Кралевите“, освен парична казна, добија предупредување дека ќе имаат забрана за гостински навивачи на еден меч доколку во следната година се повтори инцидентот.

УЕФА со овој потег уште еднаш испрати јасна порака дека за расизмот нема место во фудбалот.