Синот на Роналдо ќе дебитира за Португалија!

Кристијано јуниор (14), синот на Роналдо е повикан во младинската селекција на Португалија до 15 години. За младиот талент ова ќе биде дебитантски настап во дресот на националниот тим, а истиот ќе го запише во Хрватска.

Португалија ќе биде еден од учесниците на меморијалниот турнир „Влатко Марковиќ“, кој ќе се одржи од 13 до 18 мај во градовите: Лудбрег, Чаковец, Коториба и Свети Мартин. На турнирот ќе настапат осум селекции поделени во две групи и тоа во Група А ќе играат: Хрватска, Франција, Швајцарија и Романија, додека во Група Б се: Англија, Португалија, Јапонија и Грција.

Младиот Роналдо моментално настапува за младинската академија на Ал Наср, клубот за кој игра и неговиот татко во Саудиска Арабија. Претходно, Кристијано јуниор беше дел од академиите на сите клубови низ кои помина неговиот татко, Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер Јунајтед.

Фото: cristianojr.r7/Instagram