УЕФА ги избра судиите и за вторите четвртфинални натпревари за ЕП

Oткако вчера беше потврдено дека англиските судии Ентони Тејлор и Мајкл Оливер ќе судат првите четвртфинални средби помеѓу Германија – Шпанија и Португалија – Франција, денес се потврдени и абитрите за натпреварите во сабота.

Во сабота од 18:00 часот силите ќе ги одмерат Англија и Швајцарија и главен на оваа средба ќе биде Италијанецот Даниеле Орсато, а ќе му помагаат сонародниците Чиро Карбоне и Алесандро Џаљатини.

На натпреварот во вечерниот термин помеѓу Холандија и Турција правдата ќе ја дели францускиот судија Келем Турпан.