Хамилтон со победата на Силверстон урна рекорд на Шумахер!

Британскиот возач Луис Хамилтон беше најбрз на трката за Големата награда на Велика Британија, а притоа урна и рекорд на легендарниот Михаел Шумахер.

Хамилтон ја остави конкуренцијата зад себе и го оствари деветтиот триумф на Силверстон, а со тоа стана единствен возач кој победил на иста трка девет пати во кариерата.

Зад него останува поранешниот возач Шумахер кој имаше осум победи на иста патека, односно на трката за Големата награда на Франција.