Суперкомпјутерот со нова прогноза за освојувачот на ЕП 2024

Европското првенство (ЕП) е во самата завршница, односно останаа уште три натпревари за да биде одреден новиот шампион, а Суперкомпјутерот на „Опта“ во меѓувреме ја даде новата прогноза за освојувачот.

Шпанија, Англија, Франција и Холандија се во конкуренција за освојување на шампионскиот трофеј, а Суперкомпјутерот смета дека најголеми шанси за такво нешто има „црвената фурија“.

„Црвената фурија“ има 32,17 отсто шанси да го освои пехарот во Германија, а по неа следат Франција, Англија и Холандија.