Алкантара (не)очекувано на 33 години замина во пензија!

Еден од најталентираните фудаблери за врска, Тиаго Алкантара реши да замине во пензија на 33-годишна возраст, откако во изминатиот период се соочи со голем број повреди.

Алкантара во минатото играше за Барселона и Баерн Минхен, по што се пресели во Ливерпул кој му беше последен клуб во кариерата, но никогаш не го исполни целосниот потенцијал.

Поранешниот шпански репрезентативец дури седум години го носеше дресот на Баерн и беше еден до најважните играчи пред да се пресели во Ливерпул, каде што остана четири години.

Алкантара во кариерата ги освои Лигата на шампиони, Светското клупско првенство, Бундеслигата, Ла Лига и многу други трофеи.