Тоти се огласи по сензационалната победа против Рома (ФОТО)

Франческо Тоти беше дел од многу фантастични натпревари додека го носеше дресот на Рома, но вечерва на „Олимпико“ беше во својство на директор и навивач.

Неговите поранешни соиграчи одиграа фантастичен натпревар и со победа од 3-0 ја елиминираа Барселона од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Нормално по дуелот и тој беше пресреќен, како и сите други навивачи на „волчицата“.

„За вакви моменти е убаво да се живее за овие бои! Ајде Рома!“, напиша Тоти на „Фејсбук“.