Светот му се смее на Сколс: Да не беа Барса и Реал ќе освоевме шест европски титули!?

Англиската легенда Пол Сколс стана предмет на исмејување од светската и англиската јавност, откако фудбалерот од златниот период на Манчестер јунајтед откри зошто „црвените ѓаволи“ освоиле само две од трите европски титули во периодот додека играл. Според Сколс причината била Барселона и Реал Мадрид, кој за тоа ги спречиле.

Јунајтед има европска титула од 1968, а потоа освои две во 1999 и 2008, а двапати загуби во финале од Барселона во 2009 и 2011, додека неколкупати испаѓаше во елиминациските рунди од Реал Мадрид.

„Немавме среќа. Немавме среќа зашто ги имавме многу силните Барса и Реал Мадрид. Да игравме во секоја друга ера, ќе освоевме четири до шест европски титули повеќе. Немавме среќа, зашто Барселона со Гвардиола е еден од најдобрите тимови на сите времиња. Само погледнете го тимот со Иниеста, Чави, Бускец, Меси, Анри со Пујол и Пике како стопери. Тој тим беше нереален. Исто како и Реал Мадрид, кој не раскости на 'Бернабеу', со Роналдо, Зидан, Фиго, Редондо беше чудесен, Раул, Роберто Карлос, Фернандо Јеро, Касилјас како голман. Штета, но налетувавме на нереални тимови“, вели Сколс.