„Јас стигнав веднаш до 'Олд Трафорд', но фудбалерите се заглавени веќе 45 минути“

Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, се маскирал со дуксер и пешачел до „Олд Трафорд“, откако автобусот на неговата екипа повторно заглавил во сообраќаен метеж.

Да потсетиме, Јунајтед беа казнети откако задоцнија за почетокот на натпреварот против Валенсија, додека Мурињо доби предупредување по дуелот, откако истиот беше одложен за пет минути.

Јунајтед ја смениле нивната вообичаена рута за да избегнат слична дестинација, но повторно се соочиле со истиот проблем.

„Да, знаете дека го сменивме хотелот. Тој е веднаш зад аголот. Фудбалерите се во автобусот веќе 45 минути. А, јас морав да одам со дуксер помеѓу навивачите и никој не ме препозна. Стигнав за две минути, а фудбалерите не можат да го направат тоа веќе 45 минути. Но, Јувентус го има истиот проблем и ја информирав УЕФА за ситуацијата, па се надевам дека нема да бидеме казнети повторно“, кажа Мурињо.