Срамна сцена во Дортмунд, на оваа госпоѓа треба да ѝ се забрани влез на стадионот! (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд со 4-2 го победи Атлетико Мадрид и се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампионите каде ќе игра против ПСЖ, а по крајот од мечот се случи една грозна сцена во која главната улога ја имаше една жена, навивач на домашниот тим.

Хулиан Бранд одлучи да направи голем гест и по крајот на мечот дресот да го подари на човек во количка кој го следеше мечот. Фудбалерот му пријде и се обиде да му го даде дресот, но тогаш се случи поразителна сцена. Една жена од рака му го зема дресот на човекот и со насмевка на лицето си замина од стадионот.

Се појави видео од инцидентот, а во коментари останатите фанови на Дортмунд се бесни на жената, бараат да ѝ биде забранет влез веќе на стадионот поради овој бесмилосен потег.

„Кога си најголем шу*ак меѓу 81.000 луѓе“, „Исфрлете ја од стадионот, не заслужува да биде меѓу навивачите“... се дел од коментарите.

„Ќе биде средено“, кратко прокоментира Брант кој вети дека дополнително ќе му даде дрес на човекот во количка. Но, срамот на жената ќе остане вечно.